Голем удар за Канада: Без најголемата ѕвезда на Мундобаскет

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Канадскиот кошаркар Џамал ​​Мареј, играч на Денвер нагетс, ќе го пропушти Светското првенство што ќе се одржи од 25 август до 10 септември во Филипини, Јапонија и Индонезија, соопшти Канадската кошаркарска асоцијација.

Мареј изјави дека му е потребен дополнителен одмор по долгата сезона во НБА, во која ја освои шампионската титула со Денвер.

– Доаѓајќи во тренинг кампот сакав да видам како моето тело ќе реагира на долгата и напорна сезона и дали ќе бидам физички подготвен за Светското првенство. По консултации со медицинскиот штаб и раководството на репрезентацијата, решивме дека ми треба повеќе време за опоравување, па затоа нема да играм на СП. Сепак, сè уште имам цел да ја претставувам Канада на Олимписките игри, односно ќе ја поддржувам репрезентацијата на секој чекор – изјави 26-годишниот Мареј.

Покрај Мареј, настапот на Мундобаскет 2023 го откажаа и Никола Јокиќ (Србија), исто така член на Денвер нагетс, и Јанис Антетокунмпо (Грција), кој се повлече поради повреда.

Канаѓаните на претстојното Светско првенство ќе играат во групата „Х“ заедно со Летонија, Либан и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот