Голем астероид ќе помине утре покрај нашата планета

Покрај нашата планета утре ќе помине астероид со големина која ја имаат египетските пирамиди, потврдија од НАСА.

Од американската вселенска агенција соопштија дека вселенската карпа е со големина од 170 метри и дека се движи со брзина од 27 илјади километри на час.

Астероидот ќе се приближи на планетата Земја во петок, на  далечина од 5,44 километри и засега според проценките, нема опасност за евентуален удар врз нашата планета.

Дел од експертите кои ги проучуваат и следат процесите и феномените во вселената, предупредуваат дека не е исклучено во иднина некој од бројните  астероиди кои поминуваат во близина на нашата планета, да се судрат со неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот