ГОЛЕМ АНТИВЛАДИН ПРОТЕСТ ВО ИРАК: Еден загинат и двесте повредени

Фото: Принтскрин

Еден човек загина, а 200 се повредени денеска во судирите на антивладините демонстранти и безбедносните сили во главниот град на Ирак, Багдад, соопштија ирачките власти.

Билансот беше објавен во заедничката изјава на ирачките министерства за внатрешни работи и за здравство, по неколку часови протести што ги собраа демонстрантите на главниот плоштад Тахрир. Полицијата употреби боева муниција, гумени куршуми и солзавец за да ги растера.

Во соопштението се вели дека меѓу 200 повредени, 40 се припадници на безбедносните сили.

Повеќе од илјада Ирачани протестираа денеска во центарот на Багдад за да бараат работа и функционални јавни служби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот