Годините го стигнуваат: Левандовски ја игра една од најслабите сезони во кариерата

Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Минатата сезона, посебно до почетокот на Светското првенство, Роберт Левандовски беше главен играч на Барселона и веројатно најзаслужен за шампионската титула. Сепак сезонава полскиот голгетер е далеку од таа форма.

Средина сме од декември, заврши групната фаза во Лигата на шампионите, а тој има само девет гола на своето конто и само три од крајот на септември. Во Лигата на шампионите само еднаш се запиша во листата на стрелци. За споредба минатиот период истата година имаше двојно повеќе голови.

Исто така тој е рекордер по бројот на промашени шанси во шпанското првенство (16) и ако реализираше барем половина, Барса ќе беше лидер. Последен пат еден гол во групната фаза од Лигата на шампионите Левандовски постигна во сезоната 2011/2012 кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Се истакнува податокот и дека Португалецот Пепе како дефанзивец на Порто има два гола во Лигата на шампионите, еден повеќе од Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот