Годинашното „Скопско лето“ завршува со концерт на ансамблот „Камерата академика“ од Словенија

Постер за концертот

Како последен настан во програмата на 44. „Скопско лето“ е настапот на ансамблот „Камерата академика“ од Словенија. Концертот ќе се одржи на 31 јули (понеделник), со почеток во 20.30 часот, во салата при Музејот на македонската борба во Скопје.

Во програмата на концертот, покрај композиции од Марк Ишен, Леош Јаначек и Симон Кравос, ќе бидат изведени и варијации за дувачки секстет на македонската народна песна „Со маки сум се родил јас“ (прва изведба) на Сашо Ливрински, како и обработка на хорски композиции од Драган Шуплевски и Тодор Скаловски за дувачки секстет од Зоран Митев и композицијата „Кажи ми кажи Катинке“.

Ансамблот „Камерата академика“ е во состав Каролина Шантел Зупан (флејта), Матеј Шарц (обоа), Јоже Котар (кларинет), Зоран Митев (фагот), Јоже Рошер (хорна) и Миха Рогина (саксофон).

Фестивалот „Скопско лето“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност, која секое лето подготвува програма што одговара на потребите и интересот на граѓаните на Скопје. Мултимедијалната програма на фестивалот комуницира со сите генерации љубители на културата и уметноста во Скопје. Фестивалот традиционално веќе 44 години се одржува од 21 јуни до 31 јули секое лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот