Го допивате кафето неколку часа подоцна од подготовката? Прочитајте дали е здрава оваа навика

Unsplash
Unsplash

Многу љубители на кафе не можат да го замислат денот без својот омилен пијалок, а честопати се случува по втората шолја, поради многу работа, да не можеме да го испиеме кафето до крај. Откако ќе почувствуваме потреба се навраќаме на старото кафе по еден или два часа, особено кога ќе ни се намали работната концентрација.

Ова се прашања и одговори, кои ќе ви објаснат дали треба да го пиеме кафете кое стоело неколку часа.

  1. Доколку е кафе со млеко?

Ако е добро затворено и ставено во фрижидер, млекото само по себе може да биде добро една недела по истекот на рокот. Кога го ставате млекото во  кафе (нес или црно) и тоа стои повеќе од неколку часа, пригответе си ново кафе за да изгнете труење.

  1. Дали со текот на времето се менува вкусот на свареното кафе?

Свареното кафе може да го смени вкусот по само 30 минути од подготовката, а по тоа време имате околу четири часа пред расипувањето на природните масла во кафето, што ќе резултира со лош вкус на овој пијалок. Значи, најдобро е да пиете кафе до половина час од  подготовката.

  1. Што се случува кога црното кафе кое стои подолго време по подготовката? 

Црното кафе тогаш е безбедно за пиење, иако веројатно нема да има толку добар вкус како кога сте го подготвиле. Подобра идеја е да направите ново, а ако сте решени да го испиете токму тоа кафе, тогаш најдобро е да го загреете во микробранова печка бидејќи во голема мера ги убива бактериите што се собираат во меѓувреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот