Ѓуроски: Примивме само 41 поен и мислам дека одбраната повторно беше клуч на нашиот успех

фото: kfsm.mk

Еден од најискусните во македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Стојан Ѓуроски, како и комплетната стартна петорка, имаше одличен почеток на гостувањето во Осло.

Од стартот на натпреварот, делуваше доста сигурно, самоуверено, и беше вистинска поентерска поддршка за Ти-Џеј Шортс во моментите кога ја креиравме двоцифрената разлика која го одреди и понатамошниот тек на настаните во Арената „Нордстранд“.

Ѓуроски го заврши мечот против Норвежаните со осум поени.

– Го следевме натпреварот меѓу Данска и Словачка, знаевме дека таа многу ни значи, но исто така бевме подготвени да одиграме за себе и да победиме. Го следевме планот на селекторот кој беше многу сличен на оној од првиот меч во Гевгелија – да го запреме нивниот најдобар играч Фреј. Успеавме во тоа, одигравме агресивен и цврст натпревар, примивме само 41 поен и мислам дека одбраната повторно беше клуч на нашиот успех со што го запечативме првото место кое го заслуживме. Во овој циклус игравме со силни репрезентации кои не се за потценување, сега ќе прославиме во очекување на следните ривали во квалификациите за Европското првенство – изјави Ѓуроски по триумфот со кој го запечативме првото место во претквалификациите за ЕП.

Селекторот на нашата селекција, Александар Јончевски по натпреварот им честиташе на играчите и неговиот стручен штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот