Ѓоковиќ: Знам дека моето однесување не му се допаѓаше на Федерер
Новак Ѓоковиќ денеска со победа против Ечвери се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, по натпреварот испрати и порака по големиот христијански празник Водици, а на прес-конференцијата одговораше на новинарските прашања.
На почетокот на конференцијата покрај прашањата за мечот еден од новинарите го праша Ѓоковиќ и за неговите почетоци на кариерата и дали се сеќава на почетоците кога многу тенисери ги нервираше со своето однесување.
„Тоа е добро прашање. Знам сигурно дека моето однесување не му се допаѓаше на Федерер, за други не знам. Верувам дека не бев омилен кај некои од најдобрите тенисери во светот. Имав самодоверба и верував дека имам игра која може да ми донесе победи“, одговори Ѓоковиќ.
Во осминафиналето Ѓоковиќ најверојатно ќе игра во недела против Адријан Манарино. Станува збор за тенисер кој игра во животна форма и во овој момент е 19-ти на АТП листата. Од почетокот на Австралија Опен Манарино одигра три меча и во сите победи во пет сета.