Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата и го зголеми својот рекорд како број 1

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Новак Ѓоковиќ повторно е тенисер број еден во светот. Поранешниот број 1 Шпанец Карлос Алкараз го загуби првото место со пораз во полуфиналето на Мастерс 1000 АТП турнирот во Мајами.

За српскиот тенисер ова е 381 недела што ја започнува како најдобар тенисер во светот, а секоја нова недела на таа позиција претставува подобрување на рекордот што го држи.

Гркот Стефанос Циципас е трет, како и минатата недела, додека победникот од Мајами, Русинот Данил Медведев, од петтото се искачи на четвртото место.

АТП листа

1.(2) Новак Ѓоковиќ (Србија) 7,160 поени
2.(1) Карлос Алкараз (Шпанија) 6,780
3.(3) Стефанос Циципас (Грција) 5,770
4.(5) Данил Медведев (Русија) 5,150
5.(4) Каспер Руд (Норвешка) 5,005
6.(7) Андреј Рубљов (Русија) 3,470
7.(6) Феликс Оже-Алијасим (Канада) 3,450
8.(8) Холгер Руне (Данска) 3,370
9.(11) Јаник Синер (Италија) 3,345
10.(10) Тејлор Фриц (САД) 3,065

ВИДЕО | Петра Квитова ја освои титулата во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот