Ѓоковиќ преку ноќ стана „борец против тиранијата“

Новак Ѓоковиќ во 2021 година освои три грен слем турнири, играше финале на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, сè уште не е сигурен дали ќе учествува на Австралија опен поради неговиот недефиниран став за вакцинацијата но и поради исто така недефинираниот став на организаторот околу тоа кој ќе смее да настапи во Мелбурн.

Токму поради недефинираниот став околу вакцинацијата, односно неговата желба да остане тајна дали е вакциниран или не, Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието на портал кој е дел од групацијата „Media Research Center“.

Имено, Џон Симонс е автор на текстот под наслов „Новак Ѓоковиќ се крена против австралиската вакцина тиранија“ со кој го окарактеризира тенисерот како некој кој „возврати на барањето на Австралија со иста сила како што го враќа сервисот на противниците“.

„Изгледа дека Ѓоковиќ има кичма и неговото спротивставување се исплатеше. Вчера, тениската федерација на Австралија објави дека и невакцинираните тенисери и тенисерки ќе смеат да учествуваат на грен слем турнирот доколку поминат две недели во карантин во Мелбурн. Убедливиот став на Ѓоковиќ без дилеми е важна победа за невакцинираните тенисери и токму тоа ги натера челниците на тениската федерација на Австралија да со сменат својот став бидејќи ќе загубат милиони долари доколку Новак не учествува“, пишува авторот Џон Симонс и повикува „примерот на Ѓоковиќ да го следат и луѓето во САД“.

Засега нема официјална потврда дека и невакцинираните тенисери и тенисерки ќе смеат да настапат на Австралија Опен бидејќи во моментов траат преговорите помеѓу федералната влада и владата на сојузната држава Викторија каде се игра грен слен турнирот.

Имено, сојузните власти инсистираат во Мелбурн да настапат само вакцинирани тенисери, додека федералната влада нема ништо против и невакцинираните да учествуваат доколку поминат две недели во строг карантин.

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ пред стартот на Мастерсот во Париз беше запрашан околу настапот на Австралија Опен и дали е вакциниран, а неговиот одговор беше дека јавно ќе зборува кога ќе го види официјалното соопштение од организаторот за условите за настап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот