Ѓоковиќ го победи Де Минор и по десет години ќе игра во полуфиналето на Монте Карло

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ успеа да слави против Алекс Де Минор и така се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Ѓоковиќ имаше проблeми, но успеа да слави со 2:0 во сетови за нешто повеќе од два часа игра. Мечот беше обележан со голем број брејкови. Во првиот сет видовме само еден и тоа во 12. гем, тој му припадна на Ѓоковиќ, додека во вториот имаше дури седум.

Двајцата тенисер беа во серија од шест брејка, низата ја прекина Де Минор за израмнување на 4-4, а потоа Ѓоковиќ беше сигурен на свој сервис, за во десеттиот гем да го освои сервисот на противникот за конечна победа и прв пласман во полуфиналето во Монте Карло каде што ќе игра по десет години.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот помеѓу Циципас и Синер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот