Ѓоковиќ ги доби ривалите во Монте Карло: Дуел со Синер е можен само во финалето

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Се одржа жрепката за АТП Мастерсот во Монте Карло каде најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ турнирот го започнува од второто коло.

Таму Србинот ќе го чека подобриот од мечот меѓу Роман Сафјулин и победникот од квалификациите.

Веројатно во третото коло го чека Тејлор Фриц, додека во четвртото коло можен е дуел со Андреј Рубљов или Алекс Де Минор.

Во полуфиналето би можеле да го чекаат Карлос Алкараз, Каспер Руд или Хуберт Хуркач, а само во финалето се можни судири со Јаник Синер, Стефанос Циципас и Данил Медведев.

Турнирот во Монте Карло ќе се игра од 7 до 13 април, а титулата ја брани Рубљов, кој лани во финалето го совлада Холгер Руне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот