Ѓоковиќ: Дојдов во Париз да го обезбедам првото место

Новак Ѓоковиќ е гладен за уште еден трофеј во 2021 година/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Со победата над Тејлор Фриц (6:4, 6:3) Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирит во Париз каде против Хубер Хуркач ќе се бори за место во големото финале.

После мечот српскиот ас кажа дека се чувствуваше добро со оглед на тоа што ова му беше само втор меч по речиси двомесечна пауза.

– Има работи на кои можам да бидам среќен. Во полуфинале сум, морам да бидам среќен, но свесен сум дека мора да напредувам во одредени аспекти – рече Ѓоковиќ по победата над 26. тенисер во светот.

Србинот има можност да го обезбеди првото место во Париз на крајот на годината, рекордно седми пат и со тоа да го направи актуелниот рекорд по бројот на недели на врвот уште поимпресивен.

– Тоа е главната причина зошто дојдов овде, за да го обезбедам првото место на крајот на годината. Се надевам дека ќе успеам во тоа оваа недела. Доколку не, тогаш ќе имам шанса во Торино – вели Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот