Profimedia

Гитара на Џон Ленон продадена на аукција за рекордни 2,67 милиони евра

Гитара на Џон Ленон, еден од четворицата членови на легендарната група „Битлси“, вчера беше продадена на телефонска аукција во Њујорк за рекордни 2,67 милиони евра, што ја прави најскапиот инструмент на групата што некогаш бил продаден на аукција.

Претходната рекордна продажба беше на акустичната гитара на Ленон, која беше продадена за 2,21 милиони евра на аукција во Калифорнија во 2015 година, објави „Би-би-си“.

Гитарата на Ленон, која беше изгубена повеќе од 50 години, беше продадена на телефонска аукција во кафулето „Хард Рок“ во Њујорк.

Ленон свиреше на таа гитара со 12 жици за време на снимањето на албумот „Help!“ од 1965 година, а пронајдена е на поткровје на куќа во Велика Британија кога сопствениците се подготвувале да се преселат, пренесува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот