Германскиот министер за економија: Германија очекува економско ниво како пред кризата до средината на 2022 година

epa08968716 Peter Altmaier, Federal Minister of Economics and Energy, presents the annual economic report 2021 at a Federal Press Conference in Berlin, Germany, 27 January 2021. EPA-EFE/ANDREAS GORA / POOL

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави денеска дека со прекинот на блокадата, предизвикана од коронавирусот во земјата, се очекува многу сектори брзо да закрепнат.

– Мораме да направиме напори идните генерации да не бидат оптоварени со долгови од оваа криза, истакна Алтмајер, додавајќи дека очекува германската економија да ги достигне нивоата како пред кризата, до втората половина на 2022 година. Сега не е момент да зборуваме за ублажување на мерките. Треба да се придржуваме кон ограничувањата во следните недели за да го запреме вирусот –  нагласи германскиот министер.

Германската Влада денеска ја намали прогнозата за раст за оваа година на три отсто. Кон крајот на октомври минатата година, Владата предвиде раст од 4,4 проценти оваа година. Набргу потоа, земјата започна делумна блокада и ја зајакна кон средината на декември.

Официјалните бројки објавени претходно овој месец покажуваат дека економијата се намалила за пет отсто минатата година, завршувајќи ја деценијата на раст. Сепак, ова е помал пад отколку што многумина очекуваа.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот