Германски виролог: Не верувам дека ќе имаме втор или трет бран, ова е постојан бран кој час расте, час опаѓа“

Како инфекцијата дополнително ќе се развива и шири „веројатно ќе зависи од временските услови“, верува тој и додава дека „затоа мора да очекуваме повеќе инфекции во есен“.

После пет месеци пандемија на коронавирус, германскиот виролог Хендрик Штрек, професор на Универзитетот во Бон и автор на студија од Хајнсберг, жариште на коронавирус во Германија позната како „Германски Вухан“, смета дека на Светската здравствена организација (СЗО) ѝ треба засилување за сузбивање на инфекцијата.

– Треба да има тим на СЗО кој ќе одговори на итни случаи. Посакувам вакво нешто и за Германија: интервентна единица за инфективни болести. Единица што би работела на државно ниво, а не само на покраинско ниво – рече Штрек во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Коментирајќи ја појава на инфекции во кланици и дискусиите за можното влијание на системот за ладење со кружење на воздухот врз ширењето на инфекцијата, тој вели дека факт е дека инфекцијата честопати избувнува на местата кадешто се сече месото.

– Таму е студено и бучно, луѓето треба да викаат за да бидат слушнати и тоа е многу напорна работа. Како резултат на тоа довикување, се испуштаат капки, кои покрај сето тоа, остануваат во воздух подолго како резултат на студот. На крајот, воздухот многу бавно се менува во оладените простории – објаснува Стрек, додавајќи дека уделот на свеж воздух во вакви системи е многу мал.

Тој верува дека проблемот со вентилацијата во фабриките може да се реши со воведување поголема количина свеж воздух, чести тестирања и подобри филтри.

Како инфекцијата дополнително ќе се развива и шири „веројатно ќе зависи од временските услови“, верува тој и додава дека „затоа мора да очекуваме повеќе инфекции во есен“.

– Патем, не верувам дека ќе имаме втор или трет бран. Мислам дека сме во постојан бран. Постојаниот бран, кој част расте час опаѓа – вели вирологот.

Тој укажува и на тоа дека во овој момент има многу асимптоматично инфекции, повеќе отколку на почетокот на пандемијата.

– Со самото тоа, се наметнува прашањето во која мера луѓето можат да стекнат делумен имунитет. Ако се заразиле можеби следниот пат нема, или болеста ќе има поблаг тон. После тоа на крајот би можело да бидат доволни мерките на хигиена: почитување на дистанца, укинување на масовните мерки, кивање и кашлање во пазуви – вели германскиот експерт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот