Германски медиуми: Меркел ќе попушти и нема да воведе строг „локдаун” за време на Велигден

epa09093240 German Chancellor Angela Merkel arrives for a session of the German Bundestag in Berlin, Germany, 24 March 2021. The German government takes questions from deputies in a one-hour government questioning. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската канцеларката Ангела Меркел одлучи да се повлече од планот за строго „затворање” на земјата за време на Велигден откако наиде на огромни критики во јавноста, но и од редовите на нејзината партија, известуваат повеќе германски медиуми.

По денешната средба со гувернерите на германските покраини, Меркел соопшти дека се откажува од „локдаун” за време на велигденските празници, што предвидуваше затворање на сите бизниси во времетраење од пет дена, посочуваат медиумите.

Германската новинска ДПА информира за одлуката донесена од учесниците на денешниот состанок, но потенцира дека пресвртот не е официјално потврден.

– Ја преземам целосната одговорност за оваа погрешна проценка, рекла Меркел пред државните лидери, според весникот „Билд”. – Според моето долгогодишно искуство, научив дека ако се обидеш да одиш со глава во ѕид, тогаш уидот победил, рекла Меркел.

Наскоро се очекува на прес конференција Меркел да потврди дека се откажува строг „локдаун” за време на Велигден.

Претходно беше соопштено дека поради новата варијанта на коронавирусот во Германија, која е посмртоносна и позаразна од претходните, во текот на пет дена, почнувајќи од 1 април, од германското население ќе се бара да остане во своите домови и да ги намали контактите, при што верските служби се откажани, големите семејни собири се забранети, а продавниците се затворени, освен продавниците за храна.

Предводниците на германската католичка и протестантска црква изразија гнев поради забраната за велигденски црковни богослужби, тврдејќи дека нивните постојни мерки за физичко дистанцирање го прават присуството во црквите – безбедно. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот