Германија ја повика Турција да не презема копнен напад на северот на Сирија

Фото: Миа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја повика денеска Турција да не презема копнен напад на северот на Сирија и воени удари во северен Ирак.

„Итно апелирав Турција да се воздржи од мерките кои дополнително би го зголемиле насилството“, рекла Бербок на маргините на состанокот на НАТО во Букурешт, каде бил присутен и нејзиниот турски колега.

Турските официјални претставници вчера изјавија дека на турските сили им се потребни само неколку дена за да бидат подготвени за копнен напад во северна Сирија, која веќе со денови ја напаѓаат со оружје со долг дострел и авиони.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека земјата е решена да ја уништи Курдистанската работничка партија – до последниот терорист.

„Не ни треба ничие одобрение додека преземаме чекори во однос на безбедноста на нашата татковина и нашиот народ и никој за ништо нема да го известуваме“, рече Ердоган.

Ердоган: Никој за ништо нема да го известуваме за нашата операција во Сирија и Ирак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот