Германија, Холандија и Полска се најголеми европски извозници на чоколадо

unsplash

Агенцијата Еуростат објави податоци за најголемите извозници на чоколадо во Европската унија, а на врвот се најдоа три земји. Според податоците на европската агенција, трите најголеми извозници на чоколадо во 2022 година биле Германија, Холандија и Полска. Минатата година од Германија во други земји се извезени 680.000 тони чоколада, што претставува 28 отсто од вкупниот извоз на ЕУ.

Во текот на 2022 година, Холандија извезла 322.000 тони чоколадо, што е 13 отсто од вкупниот извоз на ЕУ. На трето место се најде Полска која извезла 295.000 тони најслаткиот и омилен производ на многумина. Очекувано од земјите на Европската унија кои исто така се на врвот се Белгија која особено се истакнува во извозот на бело чоколадо и Италија.

Северноевропските земји Финска и Шведска, како и балтичките земји се меѓу оние кои најмалку се истакнуваат во извозот на чоколадо. Естонија и Словачка се меѓу земјите на Европската унија каде е забележан најмал извоз на чоколадо во 2022 година, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот