Германија: Доживотен затвор за најмасовниот сериски убиец во поновата историја

Profimedia
Затвор / Фото: Профимедиа

Нилс Хегел, медицински техничар, препишувал смртоносни дози на лекови за срцеви проблеми во болниците на север во Германија.

Поранешниот медицински техничар е осуден на доживотна робија за убиство на 85 ациенти во две болници во Германија.

Според информацијата од Германија, судијата Себастијан Буерман истакнал дека серијата на убиства Нилс Хегел ги извршил со здрав разум.

Хегел, кој е веќе во затвор поради две убиства, препишувал смртоносни дози на лекови за срцеви тегоби на пациентите во периодот од 1999 до 2005 година.

Тој се смета за најмасовниот сериски убиец во помодерната германска историја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот