Георгина објави фотка со децата во кино, а следбениците ја нападнаа: Го жалиме персоналот

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, на Инстаграм со следбениците сподели како ги однела децата во кино.

„Прв ден во кино за моите малечки. И покрај чувствата и илузијата, за триесет минути тие веќе станаа од столчињата. Но успеавме, речиси два часа да гледаме филм“, напиша таа покрај фотографијата.

И додека многу следбеници реагираа позитивно, постоеа и оние на кои им пречеше еден детаљ. Имено, на фотографијата јасно се гледа како голема количина на пуканки паднале на подот и се целосно згмечени во теписонот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Каков неред сте оставиле зад вас, го жалам персоналот“, „Не треба да се расфрлате со храната, некои луѓе немаат што да јадат“, „Кој ќе ги исчисти сите тие пуканки кои ви паднале на подот“, „Дали барем една пуканка влезе во вашата уста“, гласеа негативните коментари кои ги доби Георгина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот