Генс: Во Белгија постои закана од напади на екстремната десница

Антитерористичките служби во Белгија следат „30 поддржувачи на екстремната десница”.

Во Белгија во моментов постои вистинска закана од напади на приврзаниците на екстремната десница, изјави денеска белгискиот министер за правда Коен Генс.

-Без разлика на тоа што во Белгија не се случил никаков напад, безбедносната служба смета дека постои вистинска закана. Најверојатното сценарио е напад што би можел да изврши едно лице, како осамен волк, изјави Генс.

Белгискиот министер истакна податоци од април годинава, според кои, антитерористичките служби следат „30 поддржувачи на екстремната десница”, додека минатата година нивниот број бил околу десет.

-Јас ќе бидам строг кон тероризмот на екстремната десница исто како што сум строг и кон тероризмот на џихадистите. Го сфаќам тоа многу сериозно, рече Генс на пленарната сесија на белгискиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот