Генбералниот секретар на НАТО повика на намалување на тензиите во Косово

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека Алијансата го поддржува продолжувањето на дијалогот на Белград и Приштина.

– Повеќе пати нагласив дека царините од 100 проценти што Косово ги воведе за артиклите од Србија не се од корист – изјави Столтенберг.

Тој преку видео-конференциска врска за годишниот извештај на работата на Алијансата во 2019 година истакна дека НАТО останува посветен на мисијата КФОР на Косово.

Столтенберг изјави дека ги поддржува сите напори за повторно да почне дијалогот Белград и Приштина бидејќи тоа е единствениот начин да се постигне трајно решение за конфликтот во регионот.

Генбералниот секретар повика и на намалување на тензиите во Косово. И додаде дека НАТО останува посветен на мисијата на КФОР на Косово и дека КФОР има јасен мандат од ОН со цел одржување сигурност и безбедно опкружување на сите луѓе кои живеат во Косово.

НАТО има клучна улога и кога е во прашање воздушниот сообраќај над Косово и работи на тоа да го нормализира воздушниот простор над Косово за да ја нормализира ситуацијата во регионот.

За време на видео обраќањето, генералниот секретар на НАТО изјави дека НАТО останува целосно оперативен во околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот