Гејтс: Тестовите за коронавирус се промашување поради долгото чекање на резултатите

Фото: EPA / Pete Marovich

Просечното време на чекање за резултатите од тестот е над два дена за пациентите со најголем приоритет, соопшти компанијата Quest Diagnostics, додека за сите други надминува седум дена.

За еден од најбогатите луѓе во светот, филантропот Бил Гејтс, долгото чекање на резултатите од повеќето тестови за коронавирус во САД самото тестирање го прави целосно бесмислено и неуспешно, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.

-Повеќето тестови за коронавирусот во САД се целосно бесмислени, затоа што луѓето треба да чекаат долго за резултатите, изјави американскиот милијардер.

„Повеќето резултати се чекаат подолго од 48 часа, а ваквото тестирање е целосно промашено”, смета Гејтс.

Лабораториите низ целата земја доцнат со издавањето на резултатите од тестот за коронавирусот заради зголемувањето на бројот на пациенти. Многу пациенти чекаат од неколку дена до една недела за резултатите, наведуваат двете најголеми компании за лабораториски дијагностицирања во САД.

Просечното време на чекање за резултатите од тестот е над два дена за пациентите со најголем приоритет, соопшти компанијата Quest Diagnostics, додека за сите други надминува седум дена.

Бил Гејтс посочува дека тестовите, за чии резултати се чекаат повеќе од три, а понекогаш и до седум дена, не треба да чинат ни еден долар.

Основачот на „Мајкрософт” потенцира дека е неопходно да се направат приоритети и припадниците на најсиромашните слоеви  на општеството, кои и онака се најмногу изложени на ризикот од заразување, треба резултатите да ги добиваат во рок од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот