Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Домашен, крцкав леб

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – домашен, крцкав леб.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 600 грама брашно (бело, интегрално или по 300 грама од двете)
– 360 мл вода млака
– 1 рамна лажица сол
– 1 ќесичка сув квасец (7 грама)

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се замесува тесто од состојките и се остава да надојде 1 час покриено со пластична фолија.

Се става тестото на набрашнета работна површина и се дели на два дела.

Се обликува на следниот начин:

Се притиска со раце да се добие правоаголна форма и од пократката страна се витка во ролат со благо затегнување додека се витка.

Повторно се притиска за да се добие правоаголна форма и повторно се витка во ролат.

Уште еднаш се повторува овој чекор. Се затвораат и страните од ролатот.

На ист начин се обликува и другиот дел од тестото.

Двете векни се ставаат на хартија за печење и во пекач што има капак, или тенџерче што може да се користи во рерна. Се оставаат да нараснат покриени додека се загрее рерната на 250 степени Целзиусови.

Пред да се пече, лебот се засекува.

Се пече 40 минути на 250 степени со капак и уште 20 минути отворен на 200 степени Целзиусови.
Почекајте барем половина час пред да го исечете.

Фото: Приватна архива

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот