ГАЛЕРИЈА | Започна Венецијанскиот карневал: Спектакуларни маски во духот на Марко Поло

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Венецијанскиот карневал, кој е светски познат по своите прекрасни костими и маски, започна со карневалските свечености во саботата (27 јануари), а ќе трае до 13 февруари. Годинашната тема на фестивалот е „Кон Ориентот: неверојатното патување на Марко Поло“.

Италијанскиот град и годинава ги пречека првите учесници на карневалот со маски и шарени костими. Организаторите на карневалот повикаа на „фантастично патување“ по стапките на венецијанскиот истражувач Марко Поло (1254 – 1324), по повод 700-годишнината од неговата смрт.

Идејата за популарниот фестивал е родена во Венеција, во 1162 година, по воената победа на Венецијанската Република над патријархот од Аквилеја, Улрико ди Тревен. Во чест на оваа победа, народот почнал да игра, да се радува и да се собира на прекрасниот плоштадот Свети Марко. Во 17. век, карневалот ја зачувал престижната слика на Венеција во светот. Карневалот бил многу познат во текот на 18. век. Меѓутоа, под власта на владетелот на Светото Римско Царство, а подоцна и царот на Австрија, Франц II, фестивалот бил целосно забранет во 1797 година и употребата на маски станала строго забранета. Карневалот повторно се појавувал постепено во 19. век, но само за кратки периоди и, пред сè, за приватни гозби.

По долго отсуство, карневалот се вратил во 1979 година. Италијанската влада одлучила да ги врати историјата и културата на Венеција и се обидела да го искористи традиционалниот карневал како центар на нејзините напори. Оттогаш, приближно 3 милиони посетители секоја година доаѓаат во Венеција за карневалот.

Еден од најважните настани е натпреварот за „la maschera più bella“ („најубавата маска“), која се оценува од меѓународни модни дизајнери.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA
Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот