ГАЛЕРИЈА | И на Златна бубамара „падна“ шлаканица, а остатоци од пандемијата имаше само во шегите на Коцев

Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Сребрениот јубилеј, 25-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“, се одржа под мотото „Да живнеме“.

Откако беше во ковид-мирување, под мотото „Да живнеме“, „Златна бубамара на популарноста“ воскресна за да го прослави својот сребрен јубилеј.

Иако, манифестацијата почна точно во 20.00 часот, публиката која со пандемијата заборавила да пристигне навреме, се собираше уште 40-ина минути.

Дваесет и петтата „Златна бубамара“ беше отворена со ритмички танц на групата „Еурека“, додека на видеобимот течеа највпечатливите моменти од претходните изданија на шоуто. По танцовата точка, Влатко Лозаноски ја отпеа „После полноќ“ додека салата се полнеше со публика.

Традиционално, на сцената се појави првиот човек на манифестацијата Ранко Петровиќ, ја поздрави публиката и ја направи споредбата дека ланската година, салата била пункт за вакцинација. Тој ја поздрави публиката и ѝ порача дека таа е причината поради која се одвива Златна бубамара.

Бубамара не ги заборави ниту најмладите

Доделувањето започна со наградата на малиот Петар Ачкоски, на публиката познат како извидникот што не сака да јаде грашок, кој доби Бубамара за „Херој на годината“. Хрватскиот пејач Петар Грашо со видеопорака ја најави „Најдобрата анимирана серија“ – „Сказните на Биби“, по што Ачкоски ја додели статуетката, а пред да ја напушти сцената, ѝ порача на публиката што го пречека со громогласна смеа: „Јадете здраво, одете на планина и носете си резерва бурек“. Бубамара за „Најдобра детска емисија“ беше доделена на „Дајте музика“, по чиј настап излезе водителот Сашко Коцев на сцената, чие присуство ја живна публиката. Тој се шегуваше за промената на датумите на одржувањето на Бубамара, дека луѓето ја доживуваат како празник…

По долго време на Бубамара се појави Ристо Самарџив, кој ја доби наградата „Трајни музички вредности“. Самарџиев сподели дека пред 25 години ја добил првата Златна бубамара за хит на годината за „Таму кај што си“, која воедно и ја изведе. „Фолтин“ се закитија со наградата за група на годината, по што следуваше настап на песната „Слободната љубов“.

Актерите Тино и Атанас се појавија како порачани со стенд-ап точка во која индиректно ги „мезеа“ колегите и ја повикаа на сцената Тамара Тодевска нарекувајќи ја шеговито Тодевиќ, алудирајќи на Тијана Дапчевиќ, која ѝ ја додели наградата за трајни музички вредности на Васка Јанковска, чија изведба на „Ерделези“ придружена со „Џамбо Агушеви оркестар“ ја распеа публиката.

ФФМ и македонската фудбалска репрезентација добија заслужено признание – „Спортски херои на годината“.

Нашиот музички виртуоз пијанистот Симон Трпчевски доби Златна бубамара за „Музички амбасадор“, а присутните ги почести и со настап.

Жељко Бебек се најде меѓу великаните што ја добија наградата за „Животно дело“, при што на сцената ја изведе „Опрости ми што те волим“.

Еколошкото ТВ-шоу „Агенда 21“ на Весна Петрушевска и Игор Џамбазов беше наградено како најдобра емисија, а „Преспав“ и продукција „ОХО“ за „Најпопуларно новогодишно ТВ-шоу“.

И кралот на меракот и доброто расположение Ферус Мустафов се закити со „Награда за животно дело“. Ферус засвири, а на сцената се заигра и оро. „Награда за животно дело“ доби и Љупчо Трајковски – Фис, кој во својата кариера креирал повеќе од 600 композиции. На сцената му се придружи и „бисерното грло“ на Македонија Наум Петрески, кој доби Златна бубамара за трајни вредности, како и гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, па тројцата ја изведоа „Има ли песна“.

Спомен во чест на оние што не се меѓу нас

Особено емотивен момент на годинешната Златна бубамара беше кога Игор Џамбазов ја отпеа „Само ти“ во спомен на својот татко, маестро Александар Џамбазов. Игор им оддаде почит и на Аки Рахимовски, Драгољуб Ѓуричиќ, Сабина Тозија Ајрула, Мајда Тушар, Ристе Стефанов, Славиша Кајевски и Тоде Новачевски.

Коцев си го најде повторно местото на сцената коментирајќи го отсуството на хумор кај луѓето. „Сега и ќелавите се лутат што има реклами за шампони. Како се одредува кој е поќелав? Тој што има поголема глава“, на што Гораст Цветковски стана од публиката и му удри пријателска шлаканица на водителот имитирајќи го инцидентот со Вил Смит на годинешните Оскари.

Бубамарата за најдобар композитор ја однесе Николче Мицевски, а за најдобар видеозапис ја доби „Кога падна на Пирина“ на „Некст тајм“. Додека ја изведуваа спомената песна, на сцената им се придружи олимпиецот Дејан Георгиевски, или „Спортски херој на годината“.

Александар Митевски и Драган Спасов Дац поделија Бубамара за дует на годината и Сашко Коцев го даруваа со љубовен пасош бидејќи шири позитивна енергија.

„Бубамара“ беше во знакот на наградите за трајни вредности, а годинава овие награди беа посветени на Ристо Самарџиев, Васка Јанковска, Жељко Бебек, Наум Петрески, Аки Рахимовски, како и оние за животно дело на Љупчо Трајковски Фис и на Ферус Мустафов.

Манифестацијата помина со многу смеа, пеење и постпандемиско радување. Иако гостите почнаа да заминуваат пред да се доделат сите награди, последните мохиканци во салата уживаа во приреденото шоу.

Во продолжение, погледнете ја фотографиите од годинашното издание на „Златна Бубамара на популарноста“.

„Дајте музика“
„Дајте музика“ / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
„Дајте музика“ / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Сашко Коцев
Сашко Коцев / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Сашко Коцев и Ристо Самарџиев
Сашко Коцев и Ристо Самарџиев / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Ристо Самарџиев
Ристо Самарџиев / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Бранислав Николов од „Фолтин“ / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Бранислав Николов од „Фолтин“ / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Тамара Тодевска / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Тамара Тодевска и Васка Јанковска / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Васка Јанковска
Васка Јанковска / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Игор Џамбазов и Симон Трпчевски
Игор Џамбазов и Симон Трпчевски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Сашко Коцев
Сашко Коцев / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Влатко Стефановски
Влатко Стефановски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Влатко Стефановски и Андријана Јаневска
Влатко Стефановски и Андријана Јаневска / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Жељко Бебек
Жељко Бебек / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Жељко Бебек
Жељко Бебек / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Весна Петрушевска и Игор Џамбазов
Весна Петрушевска и Игор Џамбазов / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Ферус Мустафов / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Џамбо Агушев и Ферус Мустафов
Џамбо Агушев и Ферус Мустафов / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Андријана Јаневска Сашко Коцев
Андријана Јаневска и Сашко Коцев / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Андријана Јаневска, Сашко Коцев и Наум Петрески
Андријана Јаневска, Сашко Коцев и Наум Петрески / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Наум Петрески
Наум Петрески / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Игор Џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Игор и Александар Џамбазов
Игор и Александар Џамбазов / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Дел посветен на Аки Рахимовски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Сузана Гавазова и Ферус Мустафов / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
„Некст тајм“
„Некст тајм“ / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Стефан Филиповски
Стефан Филиповски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Мартин Филиповски
Мартин Филиповски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Дејан Георгиевски и Стефан Филиповски
Дејан Георгиевски и Стефан Филиповски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Дејан Георгиевски
Дејан Георгиевски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Сашко Коцев и Драган Спасов Дац
Сашко Коцев и Драган Спасов Дац / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Александар Митевски и Драган Спасов Дац
Александар Митевски и Драган Спасов Дац / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Благица Павловска
Благица Павловска / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Благица Павловска
Благица Павловска / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот