Галатасарај и Фенербахче одбиваат да играат без „Ататурк“ на дресовите во Саудиска Арабија

фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Натпреварот од фудбалскиот Суперкуп на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај најверојатно нема да се ни одигра.

Овој меч требаше да започне од 18.00 часот во Ријад, Саудиска Арабија, но поради една причина истиот е одложен.

Играчите на двата тима сакаа да излезат облечени во маици со Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, со натпис „Мир дома, мир во светот“.

Домаќинот на овој натпревар, Саудиска Арабија, според своите закони тоа не го дозволува, па се поизвесно е дека мечот нема да се ни игра.

Во годината во која Турците слават 100 години од републиката, на играчите им е забрането да излезат на загревање на стадионот Ал-Авал Парк облечени во маици со ликот на Кемал Ататурк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот