Гајдов: Општина Велес во 2020 година ги намали расходите за репрезентација и патни трошоци, а ги зголеми капиталните инвестиции

Фото: mia.mk

Општина Велес во 2020 година ги намалила расходите за репрезентација и за патни трошоци, а капиталните расходи ги зголемила на 89.827.000 милиони денари, вели Ќирил Гајдов претседател на Советот на Општина Велес, според кого бројките се добар показател за работата на локалната самоуправа. Велешкиот општински совет на 71-та седница во вторникот дал зелено светло за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Велес во 2020 година.

– Горди сме затоа што имаме намалено многу ставки на расходи, а вкупните капитални расходи ги имаме подигнато на 89.827.000 милиони денари, потенцира Гајдов за МИА.

Тоа, како што вели тој, во услови на пандемија на ковид-19 е своевиден рекорд на реализација на една општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот