Фудбал во Белорусија: Пијте вотка, одете во сауна и ќе бидете здрави!

фото: твитер

Во Белорусија официјално започна новата сезона во тамошниот фудбалски шампионат. Таа е единствената европска држава каде што моментно се игра фудбал.

Коронавирусот се шири со голема брзина и поради тоа се прекинати спортските натпреварувања ширум светот, но во некои држави сметаат дека моментно тоа не е неопходно.

Во Белорусија како што и веќе е познато, започна новата сезона во тамошниот фудбалски шампионат. Таа е единствената европска држава каде што моментно се игра фудбал.

Карло Бручиќ, хрватскиот фудбалер и член на Динамо Минск, кој во првото коло е поразен од Рух Брест, во изјава за „RTL“ сподели неверојатни детали и совети кои ги добила екипата.

– Имаше неколку илјади луѓе на трибините, не се плашат, во државата е стабилна состојбата, има 76 заразени (15 излечени). Претседателот (Александер Лукашенко) ни рече да пиеме вотка секој ден, одиме во сауна и дека тоа ни помага во борбата со коронавирусот – вели Бручиќ.

Хрватот е убеден дека нема да дојде до одложување на фудбалските натпревари во Белорусија, но и дека постои страв.

– Првенството нема да се одложи, нормално тренираме во базата. Секојдневно се сретнувам со 39 играчи кои кој знае каде одат, секогаш ми е во потсвеста „што доколку се заразам, каде беа тие“ и слично. Сепак, мислам и доколку се одложи првенство не би заминал дома – додаде Бручиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот