„Фруктал Мак” со раст на приходите и пад на профитот

Производителот на сокови „Фруктал Мак” во првите шест месеци од годинава оствари раст на приходите на годишно ниво за два отсто на 12,5 милиони денари, но во исто време забележа и пад на профитот на 4,9 милиони денари во споредба со заработката од 12,5 милиони денари остварена во првото ланско полугодие.

Според податоците за деловното работење, домашната продажба бележи раст во првата половина од годината за еден процент на 104,7 милиони денари, а од продажба во странство компанијата заработила 90,6 милиони денари, што исто така претставува зголемување на годишно ниво од еден отсто.

Оперативните трошоци на „Фруктал Мак” во посочениот период пораснале за 13 отсто на 209,5 милиони денари, а материјалните трошоци се зголемиле за 8,7 проценти на годишно ниво на 123,8 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот