Франција ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Франција ќе почне со олеснување на „локдаунот”. Одржување на концерти и фестивали ќе биде дозволено со ограничен број на публика, пишува весникот „Фигаро”.

Весникот се повикува на изјава на француската министерка за култура Розлин Башлот.

Таа појасни дека властите планираат да дозволат одржување фестивали и концерти кон крајот на пролетта и летото, доколку на нив не присуствуваат повеќе од пет илјади  луѓе.

Услов е сите гледачи да имаат место за седење, а присутните да носат маски и да одржуваат физичка дистанца. Освен тоа, Владата ќе создаде фонд од триесет милиони евра, кој ќе ја надомести штетата во случај на откажување на некој настан поради пандемијата на коронавирусот. Уште петнаесет милиони евра ќе бидат наменети за снимање на настаните и нивно емитување на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот