Француските власти со сателити ќе бараат скриени базени

Сателитска слика / 09 јуни 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Француските власти најавуваат користење сателитски фотографии во потрага по скриени базени и проширувања на имоти што сопствениците на куќи ги скриле од даночната администрација.

Канцелариите за регистрација на земјиште ќе користат сателитски фотографии за да откријат можни промени во вредноста на имотот, според планот на даночната администрација, пренесува Хина.

Работата на теренските инспектори ќе биде сведена на минимум. Вештачката интелигенција ќе помогне во пребарувањето сателитски фотографии и ќе генерира автоматско предупредувачко писмо до сопствениците на имотот, со што ќе се намали потребата за персонал.

Француски медиуми јавија дека методот првично ќе биде оценет од девет департмани во земјата.

За време на првиот тест во еден департман се откриени дури 3.000 базени непријавени во даночната администрација.

Покрај тоа, откако законот беше изменет минатата година, даночните власти беа во можност да ги проценат сите податоци објавени на социјалните медиуми, во потрага по затајувачи на данок.

Во меѓувреме, огласите за работа во даночната администрација се менуваат. За новиот проект се бараат експерти специјализирани за „филтрирање корисни информации од слики”

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот