ФОТО+ВИДЕО | Угина Мали: „Најтажната“ слоница во светот

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Слоницата Мали која активисти ја именуваа како „најтажната“ на светот почина во зоолошката градина на Филипините, каде речиси цел живот живеела сама, затворена во кафез, пишува „Би-би-си“.

Мали починала во вторникот во нејзиниот бетонски простор во зоолошката градина во Манила, каде што поминала 46 години во кафез, објави организацијата за заштита на животните ПЕТА.

„Поради рамнодушност и алчност, слоницата Мали умре на ист начин како што живееше речиси 50 години: сама во бетонски кафез во зоолошката градина во Манила“, се вели во соопштението на ПЕТА.

„Во дивината, азиските слонови се движат од 25.000 до 60.000 хектари. Дури и ако просторот со кој располагаше Мали беше двојно или три пати поголем, ќе беше целосно несоодветен“, изјавил еден од активистите на ПЕТА.

Смртта на Мали во вторникот беше објавена во видео на Фејсбук и од страна на градоначалникот на Манила, Хани Лакуна, која рече дека посетите на зоолошката градина за да ја види Мали биле меѓу нејзините најсреќни спомени од детството.

Градоначалникот на Манила, Хани Лакуна Панган, изјави дека се уште не е позната причината за смртта на слонот.

Мали била главната атракција на зоолошката градина во Манила. Таа била одвоена од своето стадо кога имала само три години. Тоа бил подарок од Шри Ланка во 1977 година на тогашната прва дама на Филипините Имелда Маркос. Оттогаш, таа живеела сама во зоолошката градина како единствен заробен слон во таа земја.

Познати личности од целиот свет, вклучително и д-р Џејн Гудал и музичарот Пол Макартни, претходно се приклучија на кампањата на ПЕТА која бараше Мали да биде пуштена во засолниште за диви животни каде што може да ужива во друштво на други слонови. Но, ниту нивните повици не вродија со плод.

Активистите за правата на животните ги критикуваа лошите услови во зоолошката градина во Манила и рекоа дека нејзините чувари се недоволно опремени да ѝ обезбедат на Мали соодветна медицинска нега. Меѓутоа, властите во зоолошката градина тврделе дека најдобро е слоницата да се чува во заробеништво бидејќи не знаела каков е животот во дивината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот