ФОТО+ВИДЕО | Скока во ледена вода два пати на ден: Стана Интернет ѕвезда поради своето необично хоби!

Елина Макинен
Елина Макинен / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Елина Макинен од Финска деновиве е ултра популарна на социјалните мрежи благодарение на нејзиното необично хоби. Веројатно претпоставувате колку се студени зимите во Финска, но судејќи по видеата што 28-годишната Елина ги споделува на социјалните мрежи, се чини дека тоа воопшто не ѝ претставува проблем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)

Оваа девојка секојдневно објавува видеа на кои покажува како го крши мразот, а потоа се спушта во ледената вода и плива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)

Таа верува дека оваа активност е добра за нејзиното здравје и прави да се чувствува подобро и психички и физички. Во последните 10 години плива во ладна вода два пати на ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)

Ова хоби ја претвори Елина во интернет-сензација, а нејзините видеа бројат милиони прегледи. На некои од нејзините попопуларни видеа може да се види дека таа користи специјални сечила или други предмети за да направи дупка во мразот и да скокне во леденото езеро.

„Знам дека моето скокање во замрзнато езеро е чудно за другите луѓе. Сепак, тоа е сосема нормално во мојата земја“, вели оваа решителна девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)

Додека некои се восхитуваат на нејзината храброст, други го гледаат ова хоби како, „тотално лудило“.

„Кога ги гледам твоите видеа буквално умирам од студ. Како не се плашиш од хипотермија? Ова е навистина лудо“, коментираше една корисничка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)

Сепак, Елина вели дека нејзиното тело се навикнало на студот и дека првпат скокнала во студената вода кога имала само пет години.

„Целото мое семејство практикува капење во ладна вода, тоа е наша семејна активност“, рекла Елина. „Пливам наутро и тоа ми помага за циркулацијата, а потоа одам и на ноќно капење и на тој начин се ослободувам од стресот“, открила таа.

 

Елина обично поминува меѓу 30 секунди и шест минути во вода, а повремено оди на пливање и до 12 минути.

„Кога температурата ќе падне под -25 степени, морам да внимавам да не добијам смрзнатини“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elina Mäkinen (@elinamae)

Колку и да зборува за придобивките од пливањето во ладна вода, Елина предупредува дека оваа активност не е за секого.

„Пливањето во толку ладна вода може да биде фатално за некои луѓе, а во ретки случаи може да доведе до тетанија, состојба во која срцето замрзнува и престанува да работи. Дефинитивно треба да се познавате себеси и своето тело“, заклучила Елина Макинен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот