ФОТО+ВИДЕО | Руска политичарка во долна облека се фрла во снегот, граѓаните ѝ се „нафрлија“

Фото: Профимедиа

Руската политичарка Ана Терешкова (52) сакала да ги поттикне своите сограѓани да „зајакнат и да бидат цврсти“, така што полугола се фрлила во снегот и правела „ангели“.

Нејзината постапка наиде на осуди, па Русите ја обвинија дека го „срамоти“ својот град.

„Мора да ги искористиме предностите на Сибир. Тука отсекогаш живеат силни и здрави луѓе“, порачала политичарката.

Фото: Профимедиа

Терешкова е снимена како изведува „снежни ангели“ облечена во бикини во Новосибирск во Русија на минус 20 степени Целзиусови.

– Ова е Сибир! Минус 20, каква убавина“, објавила политичарката на својот профил на Инстаграм. Со овој потег сакала да ги поттикне своите сограѓани да се „капат во снегот“, бидејќи тоа е „најдобар начин да зајакнат“.

Но, нејзината постапка не наишла на одобрување на сограѓаните.

„Многу чудно снимање“, „Вакви видеа воопшто не одговараат на вашиот статус на политичарка“, „Засрамете се, ова е срамота за нашиот град“, ѝ порачаа на Терешкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот