ФОТО+ВИДЕО | Пристигна божиќната магија во Њујорк: Блесна најубавата празнична елка во светот

Фото: EPA

Синоќа голем број луѓе се собраа во центарот на Менхетен, за да уживаат во осветлувањето на божиќната елка во центарот „Рокфелер“, со што официјално започна празничната сезона во Њујорк.

Годинашното дрво е високо 24 метри и е украсено со преку 50 илјади светилки во различни бои и голема ѕвезда со кристали на „Сваровски“.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL
Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Двочасовната церемонија беше емитувана во живо на телевизијата „Ен-Би-Си“, а водителка на настанот беше американската пејачка Кели Кларксон. Покрај нејзиниот настап, топлата луѓе уживаше во настапите на Шер, Бери Манилоу, Роб Томас, Клои Бејли, Адам Блекстоун, Дејвид Фостер, Карли Пирс и многу други.

Кели Кларксон / Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL
Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Традицијата на поставување елка пред центарот „Рокфелер“ датира од времето на изградбата, кога работниците украсиле шестметарска елка за време на бадниковата вечер во 1931 година. За украсување користеле брусница, хартиени венци и неколку лимени конзерви. Оттогаш, поставувањето на елката стана годишна традиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот