ФОТО+ВИДЕО | Пожар во Барселона: Четири жртви, меѓу кои едно бебе и едно тригодишно дете

Пожар во Барселона
Две возрасни лица, тригодишно и тримесечно бебе ги загубија животите утрово во пожар што избувна во нелегално населена зграда на поранешна банкарска агенција во центарот на Барселона, соопштија локалните пожарникарски служби / Фото: EPA-EFE/Marta Perez

Две возрасни лица, тригодишно и тримесечно бебе ги загубија животите утрово во пожар што избувна во нелегално населена зграда на поранешна банкарска агенција во центарот на Барселона, соопштија локалните пожарникарски служби.

– Четирите жртви се двајца возрасни, едно бебе и едно тригодишно дете, изјави пред новинарите Анхел Лопез, шеф на пожарникарската операција, додавајќи дека огнот е изгаснат.

„Пожарникарите спасија четири лица и се обидоа да реанимираат уште четири (двајца возрасни, едно дете и едно бебе) кои загинаа”, напишаа пожарникарите на Твитер.

Пожар во Барселона/Фото: EPA-EFE/Marta Perez

Четворицата спасени се хоспитализирани и не се наоѓаат во животна опасност.

Портпарол на полицијата изјави дека во зградата живееле две семејства.

Пожар во Барселона/Фото: EPA-EFE/Marta Perez

Причината за пожарот не е позната, а полицијата го истражува случајот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот