ФОТО+ВИДЕО | Помала и од зрно сол: Микроскопската чанта „Луј Витон“ се продаде за 63.000 долари

Фото: Instagram/ Pubity

Малата чанта со димензии изразени во микрони, е продадена за над 63.000 долари на аукција оваа среда, пишува „Си-ен-ен“.

Едвај видлива за човечкото око, флуоресцентната жолтеникаво-зелена чанта е инспирирана од популарниот дизајн на чанти „Луј Витон“. Таа е производ на тим од дизајнери од Њујорк, а не на самиот луксузен бренд. Компанијата од каде произлегува оваа „микроскопска чанта“, вели дека е доволно мала за да помине низ дупчето на иглата и е помала од зрно морска сол.

Фото: Instagram/ mschf

Предметот е направен со помош на двофотонска полимеризација, технологија на производство што се користи за 3Д-печатење на пластични делови во микро размери. На аукцијата, се продала заедно со микроскоп, опремен со дигитален екран преку кој може да се гледа чантата.

Фото: Instagram/ mschf

Домаќин на аукцијата бил „Џупитер“ („Joopiter“), онлајн аукциска куќа основана од американскиот музичар и дизајнер Фарел Вилијамс. Иако Вилијамс моментално работи како креативен директор за машка облека на „Луј Витон“, главниот и креативен директор на компанијата „MSCHF“, Кевин Визнер, изјавил за „Њујорк Тајмс“ дека колективот не барал дозвола од него или од францускиот бренд да го користи логото или дизајнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот