ФОТО+ВИДЕО | Конечно излезе од илегала! Легендарниот Џек Николсон следи натпревар на НБА од првите седишта

Џек Николсон Леброн/Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Славниот холивудски актер Џек Николсон (86) по подолго време се појави во јавноста, и тоа на кошаркарски натпревар на НБА помеѓу Лејкерси и Мемфис, на кој тимот од Лос Анџелес победи со 125:85, со што се пласираше во полуфиналето на Западна конференција. Лејкерси победија со 4:2 во серија, а може да се каже дека Николсон, кој инаку е нивни голем навивач, им донесе среќа поради тоа што го следеше натпреварот од најдобрите седишта на паркетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Николсон пред мечот се поздравил и со Леброн Џејмс, кој му пришол на холивудскиот актер, па размениле неколку зборови бидејќи често се среќавале на натпреварите во НБА.

Џек Николсон Леброн/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Николсон беше најредовен на натпреварите на Лејкерс во ерата на Коби Брајант и Шекил О’Нил, додека последен пат беше виден во јавноста во октомври 2021 година, исто така, на натпревар на Лејкерс. Тогаш беше во придружба на својот син Рој.

Пред неколку дена беше уловен, случајно пред неговата куќа.

Инаку, Николсон неодамна го прослави својот 86-ти роденден, а поголемиот дел од времето го поминува дома, поради што не го гледаме во јавност, иако се шпекулираше дека се „крие“ од фоторепортерите и сака мир по неговата голема холивудска слава.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Тој нè гледаше уште од деновите на Меџик преку Коби и сега деновите на Леброн, сите од истото седиште“, напиша еден навивач на Лејкерс кој го цени славниот актер најпознат по филмовите „The Shining“ и „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“.

Самиот инстаграм-профил на НБА го објави видеото со Џек и Леброн, а покрај него напиша: „Толку е добро да се види Џек“.

„Ќе умре сам“: Легендарниот актер се појави во јавност „разбушавен и неуреден“ по цели две години

ФОТО | По две години криење се појави во јавност: Џек Николсон има 84 години и изгледа одлично

„Ќе умре сам“: Легендарниот актер се појави во јавност „разбушавен и неуреден“ по цели две години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот