„Ќе умре сам“: Легендарниот актер се појави во јавност „разбушавен и неуреден“ по цели две години

Џек Николсон
Џек Николсон / Фото: EPA/PAUL BUCK

Легендарниот актер Џек Николсон е виден во јавност за првпат по 18 месеци. Имено, тој бил забележан од страна на папараците, додека се опуштал на балконот од неговата вила во Беверли Хилс, пишува „Дејли мејл“.

Трикратниот оскаровец делувал прилично несредено и разбушавено, а дел од неговите пријател се загрижени дека тој ќе умре сосема сам бидејќи се изолирал од сите, нешто што му се случи и на неговиот поранешен колега и сосед Марлон Брандо.

Николсон последен пат беше виден во октомври 2021 година, кога присуствуваше на кошаркарски натпревар на ЛА Лејкерс со неговиот син 31-годишен син Реј, кој е еден од ретките луѓе со кои актерот сè уште е во контакт.

На најновите фотографии, може да се види дека Николсон се релаксирал на својот балкон во стуткана портокалова маичка и долни тренерки, со разбушавена коса и отсутни очи.

„Неговата куќа е како замок од кој никогаш не излегува. Луѓето би сакале тој да излезе барем малку за да видат дали е добро. Тој е во контакт само со неколку блиски роднини и неговиот син Реј, но тој повеќе не се дружи со никого“, изјави неодамна еден негов неименуван пријател.

Неговото последно филмско остварување беш „How Do You Know“ во 2010 година, каде што глумеше со актерите Овен Вилсон и Рис Витерспун, по што се откажа од актерството затоа што, наводно, се соочува со деменција и не може да ги запомни текстовите.

Во јануари годинава, еден негов неименуван пријател изјави дека актерот е во солидна физичка состојба, но дека психички се распаднал. Набргу по таа изјава, се огласи и водителот Бил О’Рајли и рече дека наводите за лошото ментално здравје на Николсон се глупости, дека тој неодамна го посетил и дека имал долг разговор со него.

„Разговаравме долго време и тој ми постави многу интересни прашања. Ние сме пријатели со децении. Па, тој има 85 години! Но, тој е во многу подобра психичка состојба од претседателот на САД“, рече О’Рајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот