ФОТО+ВИДЕО | „Кинеската Атлантида“ сè уште ги збунува научниците: Целосно е зачувана на дното на езерото, на длабочина од 40 метри

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Градот, потонат во 1959 година, бил основан помеѓу 25. и 200. година, ѕидовите биле од 16. век, a имал пет влезни порти.

Потонатиот град во Кина, познат и како „Кинеска Атлантида“, е целосно зачуван на дното на езерото Чингао, на длабочина од 40 метри. Градот е познат и како Ши Ченг или Градот на Лавовите, се наоѓа на истокот на Кина, објави порталот на Индипендент „Инди 100“.

Kинеските научници повторно го откриле во 2001 година, а во 2017 година е отворен како туристичко место.

Се претпоставува дека Ши Ченг бил изграден во текот на династијата Хан, во периодот помеѓу 25. и 200. година од нашата ера. Некогаш бил политички и економски столб на источната провинција Жеџијанг.

Градските ѕидини, за кои се верува дека датираат од 16. век, имале пет влезни порти, за разлика од традиционалните четири во старите кинески градови, а широките улици содржат 265 премини со сводови со камени ѕидови од змејови, феникси и лавови. Оваа енигматична „временска капсула“ ја краси Лавиринтот на белите храмови, спомен-сводовите со разни скулптури од лавови до елени, фенхуан (азиска варијанта на птицата феникс) до чилин (митско кинеско суштество со рогови), зачувани се и дрвени греди и скали, како и поплочени патишта и историски натписи.

 


Кинеската влада во 1959 година одлучила да изгради хидроцентрала во таа област, а потоа, неочекувано, одлучи да го потопи градот.

 


Тогаш биле раселени повеќе од 300.000 луѓе. Најчудно е што градот е недопрен како во периодот кога беше поплавен, пренесува „Спутник“.

Интересот за поплавениот град дополнително се зголеми во 2011 година, кога кинеското издание на магазинот „Национална географија“ објави неколку неверојатни фотографии и илустрации, дотогаш невидени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот