ФОТО+ВИДЕО | Кара Делевињ за зависноста: Првпат се опив на 7 години во куќата на баба ми

Кара Делевињ на насловната страница на „Вог“ / Фото: Инстаграм/„Вог“

Манекенката Кара Делевињ откри дека нејзините проблеми со зависноста започнале кога била дете, а кулминирале со нејзиниот ментален слом кога имала само 15 години.

Во разговор за престижното модно списание „Вог“, чија насловна страница ја краси токму 30-годишната манекенка, таа призна дека за првпат се опила на седум години, потсетувајќи дека се разбудила во куќата на нејзината баба, во нејзината спална соба, со мамурлак. Таа тврди дека била облечена во фустан за деверуша и дека испила неколку чаши шампањ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Три години подоцна, кога имала само 10 години, на неа ѝ биле препишани апчиња за спиење за да ѝ помогнат со несоницата, а кога станала тинејџерка ѝ била дијагностицирана диспраксија, невролошка состојба која влијае на физичката координација.

Наскоро почнала да се соочува со голем број проблеми со менталното здравје и почнала да се самоповредува. За да си помогне, таа вели дека се обидела со уметничка терапија, музикотерапија и когнитивно-бихејвиорална терапија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


На 15-годишна возраст, Делевињ доживеала ментален слом, кој бил резултат на „сето она со кое не се соочила“.

„Бев на лекови и тие ми го спасија животот. Тоа не беше хемиска нерамнотежа, туку целосен одговор на траума“, објасни познатата актерка и модел.

Исто така, манекенката искрено споделила и дека размислувала да си го одземе животот. Дополнително, таа била сведок на повеќе трауматични ситуации додека растела, додека нејзината мајка Пандора се борела со зависност од хероин.

„Бев загрижено дете и сакав да бидам сигурна дека сите се добро. Не беше лошо, но гледајќи на нештата наназад, мислам дека можеби не требаше да бидам ставена во таа позиција“, вели Делевињ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот