ФОТО+ВИДЕО | „Каква бламажа!“: Џон Траволта заигра на Санремо, гледачите незадоволни од танцот

Фото: Maurizio D'Avanzo / ipa-agency.n / PA Images / Profimedia

Вчера се одржа втората фестивалска вечер на Санремо, телевизиска содржина што ја проследија повеќе од 10 милиони гледачи пред малите екрани во Италија.

Сепак, многумина не беа импресионирани од гостувањето на холивудската ѕвезда Џон Траволта и неговите танцувачки вештини на сцената.

Најавите беа ветувачки: веќе неколку недели однапред се знаеше дека на втората фестивалска вечер во театарот Аристон ќе се појави познатиот американски актер и дека ќе покаже дека сè уште знае да танцува на познатите песни од филмовите „Треска на саботната вечер“ („Saturday Night Fever“), „Брилијантин“ („Grease“) и „Евтини приказни“ („Pulp Fiction“).

Па, така Траволта и водителот Амадеус изиграа три точки на познатите песни „Stayin Alive“, „Greased Lightnin“ и „You Never Can Say“.

„Беше очигледно дека Траволта навистина не сакаше да го направи тоа. Зошто го принудивте човекот да танцува кога не сака да го прави тоа. Зошто му побаравте да доаѓа кога овој ангажман не му се допаѓа?“, искоментираа италијанските медиуми, кои објавија фотографии од разиграниот Траволта.

„Да добиев толку пари за неколку танцови движења, од срце ќе се насмеев“пишуваат коментаторите на социјалните мрежи, повикувајќи се на медиуми кои шпекулираат дека актерот добил најмалку половина милион евра за неговото појавување на Санремо.

Публиката не беше воодушевена од овој настап, па многумина велат дека ниту на Санремо, ниту на Траволта не им бил потребен ваков срам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот