ФОТО+ВИДЕО | Божиќна магија во Париз: Блесна раскошната елка во „Галерија Лафајет“

Божиќната елка во Галерија Лафајет / 16 ноември 2022 / Фото: BERTRAND GUAY / AFP / Profimedia

Трговскиот центар „Галерија Лафајет“ во Париз секоја година ги воодушевува луѓето ширум светот со својата раскошна божиќна елка и прекрасните празнични декорации на големите прозорци. Имено, прославата на божиќните празници во „Галерија Лафајет“ е многу стара традиција.

Првото празнично украсување на излозите на продавниците се случило во 1912 година, пишува „Сортира“. Само неколку години подоцна, првата божиќна елка била поставена среде трговскиот центар. Со секоја измината година, елката станувала сѐ пораскошна и сѐ поукрасена.

„Божиќните прослави започнаа со годишната интерна божиќна забава во 1920 година. Вработените во трговскиот центар беа поканети со своите деца, да дојдат и да уживаат во шоуто на сцената и да се восхитуваат на божиќната елка која беше поставена под прекрасната купола“, пишува на веб-страницата на „Галерија Лафајет“.

Оваа прослава била толку драгоцен момент за вработените, што решиле да премине во традиција. Со текот на времето, интерната божиќна забава за вработените преминала во еден од најголемите божиќни настани во Париз, кој привлекува туристи од целиот свет.

Од 1945 година, па сѐ до денес, божиќните декорации се на некој начин тематски. Годинава, раскошната елка блесна во зелена и сина боја, односно во боите на планетата Земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pronoti_B (@paris_shuffle)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yoann Belan (@belanyoann)

ФОТО+ВИДЕО | Празнична магија: Светнаа божиќните светилки во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот