ФОТОГАЛЕРИЈА | Спектакл: Супермесечината блесна на небото во Македонија и низ светот

Супермесечина над Македонија/Шпанија/Сирија/Фото: EPA/Georgi Licovski/EPA/Javier Cebollada/Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Првата од двете супермесечини што се очекуваат овој месец, се покажа блескава во вторникот вечерта, при што фотографи од целиот свет го снимија лунарниот спектакл, пишува „Ен-би-си њуз“.

Полната месечина изгледаше поголема и посветла од вообичаено, а природниот сателит се приближуваше до Земјата повеќе од вообичаено на само 222.159 милји оддалеченост, наведува АП.

Неговата близина ја прави „супермесечина“, термин измислен во 1979 година.

Супермесечина над Скопје/Фото: ЕПА-ЕФЕ/Ѓорѓи Личовски

Супермесечината во вторникот нема да беше последна што ќе го осветли небото ноќе овој месец.

Месечината ќе се приближи уште повеќе до Земјата на 30 август на само 222.043 милји оддалеченост, наведува АП.

Супермесечина над Сарагоса,Шпанија/ Фото: ЕПА-ЕФЕ/Javier Cebollada

Последен пат две полни супермесечини беа забележани на небото во истиот месец во 2018 година и се очекува тоа да се повтори дури во 2037 година, изјави за АП италијанскиот астроном Џанлука Маси, основач на проектот Виртуелен телескоп.

Супермесечина над Нешвил, Тенеси, САД/Фото: Camden Hall / Zuma Press / Profimedia

Космосот нуди двојна карактеристика во август: пар супермесечини кои кулминираат со ретка сина месечина на 30 август.

Супермесечина над Сирија/ Фото: Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Маси планираше да обезбеди веб-пренос на супермесечината во вторник навечер додека се издигнуваше над Колосеумот во Рим. Сепак, онлајн настанот мораше да биде откажан поради облачното време, според страницата на Јутјуб поставена за веб-пренос.

Супермесечина над Скопје/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Првата супермесечина оваа година беше во јули, а четвртата и последна супермесечина ќе биде во септември.

Супермесечина над Никозија, Кипар: Фото: Amir MAKAR / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот