ФОТОГАЛЕРИЈА | Неприкосновениот стил на Меланија Трамп: Палтото ѝ чини како двособен стан во Македонија!

Instagram
Instagram

Поранешната прва дама на Америка Меланија Трамп со своите стајлинзи и комбинации на облека продолжува да привлекува големо внимание.  Модните дизајнери го сакаат стилот на Меланија Трамп. Меѓутоа, многу од нејзините комбинации на облека се достапни и во врвните продавници, иако по висока цена. Ова се некои од најскапите стајлинзи на поранешната американска прва дама, пишува српски „Курир“.

Маноло Бланик високи потпетици: 670 долари

Ако сте го гледале „Сексот и градот“, знаете дека чевлите на Маноло Бланик се мошне скапи. Меланија Трамп ги носеше овие врвни чевли во 2017 година кога таа и нејзиниот сопруг го посетија Тексас по ураганот Харви. Иако Доналд Трамп носеше дебели, водоотпорни чизми, Меланија носеше високи потпетици. Ова предизвика некои контроверзии, но Меланија ги замени со патики кога пристигна на местото на несреќата.

Melanija Tramp
Фото: Профимедиа

Кошула на „Балман“: 720 долари

Поранешната прва дама покани десет деца во Белата куќа за да и помогнат во градината. Иако, обично за работа во градина се носат стари алишта, Маленија очигледно не се грижи за тоа. За работење во градината, таа носеше скапа дизајнерска кошула од францускиот бренд „Балман“.

Melanija Tramp
Фото: Профимедиа

Блуза на „Гучи“: 1.100 долари

За време на дебатата на Трамп со Хилари Клинтон, Меланија одбра да облече светло розова блуза од „Гучи“ со лабава панделка околу вратот. Ова модно парче набрза стана познато како „мачка блуза“.

Фустан на Џ. Мендел – 7.000 долари

За време на вечерата со британската премиерка Тереза ​​Меј, Меланија по којзнае кој пат го украде шоуто. Таа носеше жолт фустан од дизајнерот Џ. Мендел. Да го купите овој фустан дефинитивно треба да имате многу длабок џеб, бидејќи би ве чинело околу 7.000 долари.

Фото: Профимедиа

Фустан на Моник Лулие: 8.150 долари

Меланија носеше прекрасен фустан на Моник Лулие на вечерата на историското друштво во Белата куќа. Фустанот набрзо бил распродаден, но оние кои ќе успеале да го добијат платиле неверојатни 8.150 долари.

Melanija Tramp
Фото: Профимедиа

Палто на „Долче и Габана“: 51.500 долари

Иако многумина го пофалиле чувството за мода на Меланија на состанокот на Г7 во Италија, нејзиното скапо палто „Долче и Габана“ предизвика низа коментари. Скандалозно скапото палто чини 51.500 долари, износ што повеќето Американци не ја заработуваат ниту на годишно ниво.

Melanija Tramp

Фото: Профимедиа

Фустан на Ерве Пјер: бесценет

Меланија сакала да облече фустан кој никој нема да го заборави на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Затоа, таа го контактирала францускиот дизајнер Ерве Пјер за да ѝ дизајнира фустан по мерка. Биографијата на Ерве Пјер не е ништо помалку спектакуларна, бидејќи тој веќе дизајнираше фустани за американски први дами Мишел Обама и Хилари Клинтон. Фустаните што ги прави за вакви пригоди се недостапни. Меланија потоа го донираше својот фустан на музејот Смитсонијан.

Melanija Tramp
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот