ФОТОГАЛЕРИЈА | На годишнината од брак: Рита Ора сподели детали од интимната венчавка со Таика Ваитити

Фото: Instagram/ britishvogue

Пејачката Рита Ора и нејзиниот сопруг режисерот Таика Ваитити, на денот на годишнината, ги објавија првите фотографии од нивната венчавка, а екслузивното право да бидат објавени ги имал магазинот „Вог“.

Пејачката во интервјуто за британскиот „Вог“ откри дека таа го запросила својот сопруг Таика Ваитити. Откако Рита го поставила прашањето за време на нивното  патување во Палм Спрингс, двојката се венчала на интимна церемонија, што ја организирале за само две недели. На овој специјален ден за заљубениот пар, присуствувале само осум гости.

Фото: Instagram/ britishvogue
Фото: Instagram/ britishvogue

„Вог“ ја сподели галеријата фотографи од венчавката, а Рита откри дека носела три различни фустани, од британскиот дизајнер Том Форд, додека таа и Таика ги разменувале своите завети на церемонијата во нивниот дом во Лос Анџелес. Сестрата на Рита, Елена, била деверица, а бил присутен и најдобриот пријател на Таика, актерот Џермејн Клемент.

Фото: Instagram/ britishvogue
Фото: Instagram/ britishvogue

Рита открила дека ги носела бисерите на нејзината мајка кои ги искомбинирала со венчаницата, додека Таика носел костум од Брунело Кучинели. Пред да го кажат судбоносното „да“, Елена ја придружувала Рита до олтарот, додека Таика бил придружуван од неговите две ќерки.

Фото: Instagram/ britishvogue
Фото: Instagram/ britishvogue

Откако завршила церемонијата, младенците и малиот број на гости се упатиле кон куќата на нивниот пријател Гај Осеари, каде била организирана свечена вечера, а сите биле изненадени со имитатор на Елвис.

Фото: Instagram/ britishvogue

Инаку, по неколкумесечните гласни, во јануари Рита конечно потврди дека таа и Таика се венчале, опишувајќи ја свадбата како „совршена“ и „посебен ден“. Парот започна да се забавува, откако со години беа блиски пријатели.

Дали новата љубов на Рита Ора е окаровецот Таика Ваитити?

Рита Ора ќе се мажи: Пејачката и режисерот Таика Ваитити планираат мала церемонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот