ФОТО | Женска вечер: Тејлор Свифт на вечера со Блејк Лајвли, Софи Тарнер и Британи Махоумс
Американската пејачка Тејлор Свифт е долгогодишна пријателка со актерката Блејк Лајвли, а од неодамна сѐ повеќе се дружи и со ѕвездата на „Game of Thrones“ – Софи Тарнер и фудбалерката Британи Махоумс. Четирите познати дами синоќа биле забележани на заедничка вечера во еден италијански ресторан во Њујорк, САД, пренесе „Пипл“.
Повеќекратната добитничка на музичката награда Греми била фотографирана со Блејк Лајвли и нејзината сестра Робин пред ресторанот „Emilio’s Ballato“, еден ден пред рагби натпреварот меѓу Њујорк џетс и Канзас сити чифс. Како потсетување, сѐ почести се гласините дека Свифт е во романтична врска со Травис Келче, рагбистот од клубот Канзас сити чифс.
Свифт се појавила во црно фустанче, искомбинирано со соодветна чанта и чевли, додека Лајвли се одлучила за крем кроп-топ со разнобојно и ефективно миди здолниште.
Тарнер, пак, носела темноцрвен кожен комбинезон, со црни кожени чизми со потпетици. Повеќе извори за „Пипл“ потврдија дека Тарнер, по разводот од Џо Џонас, престојува во апартман на Тејлор Свифт во Њујорк.
Што се однесува до Британи Махоумс, таа е во брак со рагбистот Патрик Махоумс, кој исто така игра за Канзас сити чифс. Во последно време, пејачката и фудбалерката повеќе пати беа забележани во заедничко друштво.
Taylor Swift attended a girls dinner with Blake Lively, Sophie Turner, and Brittany Mahomes in NYC. pic.twitter.com/UV2oMQv1es
— The Highlight (@thehighlight0) October 1, 2023
Сега е дефинитивно: Џо Џонас и Софи Тарнер се разделуваат, пејачот поднел барање за развод на брак