ФОТО | Жената мачка Зои Кравиц и Чејнинг Татум повљубени од кога било

Ченинг Тејтум, Зои Кравиц, Фото: Инстаграм-принтскрин

Жената мачка во „Бетмен“, Зои Кравиц има сериозни намери во врска со момчето Ченинг Тејтум, со кое се забавува од минатото лето, изјави извор за „Page Six“.

Изворот споделил дека Зои им кажала на блиските пријатели дека гледа кон иднината со згодниот актер.

„Работите одат одлично со Ченинг и таа е неверојатно среќна“, вели извор. „Таа е на добро место во однос на кариерата и тој има добро досие како татко“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AmoMama (@amomama_usa)

Изворот споделува дека Кравиц, чии родители се актерката Лиза Бонет и музичарот Лени Кравиц, им се доверила на луѓето дека „не би имала ништо против да има едно дете“.

ГАЛЕРИЈА | Премиера на новиот филм за Бетмен: Роберт Патинсон и Зои Кравиц блеснаа на црвениот тепих

Во меѓувреме, кариерата на Кравиц е во подем. „Бетмен“, во кој таа глуми жена-мачка, имаше многу успешна премиера и заработи 128,5 милиони долари во текот на викендот. Таа исто така се појави во хитот на HBO „Big Little Lies“ и огромните франшизи како „Divergent“ и „X-Men: First Class“.

Минатата година Кравиц му даде улогата на Тејтум во нејзиното претстојно режисерско деби „Pussy Island“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @melancholic.club

Да потсетиме, двојката првпат беше забележана како се дружи низ Њујорк во август минатата година. Кравиц претходно беше во брак со Карл Глусман. Тејтум беше во брак со колешката од „Step Up“, Џена Деван. Имаат едно дете.

Instagram
Фото: Instagram
Фотографија: Profimedia

ВИДЕО | По 27 години молк: Ќерката на Гучи објавува книга за убиството на татко ѝ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот